Ми-Да Моторс – овластен импортер, дистрибутер, продавач и сервисер на возилата од програмата Ford во Република Македонија, е основана во 1997 година. Преку квалитет и целокупност на услугата, унапредување и иновирање, од година во година, успеа да достигне 8% учество на македонскиот пазар.
Од мал сервис за миење на возила до гигант во автомобилизмот во Македонија
Групацијата Ми-Да ги започна своите први чекори во приватниот бизнис во 1988 година, со мал сервис за миење на возила кој со текот на годините прерасна во современ центар за дневна нега на автомобили. Од само 5 вработени, денес вкупната бројка на вработени во Групацијата Ми-Да се ближи до 200.
1988 - мал сервис за миење возила
1989 - ја основа првата компанија за увоз и одржување на возила во Македонија и започна со продажба од програмата
на Lada
1994 - официјален импортер на возила од програмата Fiat
1994 - овластен дилер на возилата од програмата на Ford
1997 - ко-сопственик во компанијата Суммит Моторс Скопје која е овластен увозник за Ford
2000 - 100% сопственик на компанијата Ми-Да Моторс - овластен увозник, дистрибутер, дилер и сервисер на Ford во
Македонија.
2008 - Година стана овластен дилер за возила од програмата Volvo.
2009 - центар за лимаро-фарбарски услуги во Визбегово, нов изложбен салон за Volvo, ресторан и кафетерија во рамки
на комплексот Ми-Да
|