Ми Да Моторс Лого
Ми Да Моторс Возила
Кафетерија и Авто-Перална
Ми ДА Сервисен Центар
Ми Да Рент а Кар Услуга
Ми Да Моторс Контакт
Профил на Ми Да Моторс

Сервис

МИ-ДА МОТОРС соработува и има склучено договори со повеќето осигурителни компании во Македонија како што се: QBE, А.Д. Вардар, Сава Табак, Еуролинк, АД Осигурителна Полиса, UNIQA, Сигма и други, што е неопходно за непречено работење во оваа дејност.

Што треба да направите во случај на сообраќајна незгода:

- Во случај на сообраќајна незгода, независно од тоа кој е виновен за несреќата, најдобро е да останете на лице место;
- Повикајте сообраќајна полиција која ќе направи увид и процена на ситуацијата, т.е. кој е виновен за незгодата; Во
   меѓувреме побарајте лични податоци и полиса каде е осигуран другиот учесник во незгодата;
- По завршување на увидот упатете се во сообраќајна полиција и уплатете 250,- денари за да се убрза постапката околу
   изготвување на полициски записник, поточно да се знае кој е виновен за настанатата сообраќајка;
- Одберете каде ќе го поправате Вашето возило;
- Пријавете штета во осигурителната компанија каде е осигурано возилото на причинителот на незгодата. Со тоа ќе
   добиете број на штета и ќе го доставите во МИ-ДА МОТОРС.


Целата процедура во понатамошното процесуирање на вашето возило е во наша надлежност. За превземање на возилото од нашиот сервис ќе бидете благовремено известени и ќе ви се изготви фактура.

Форд Овластен СервисерДоколку сопственик на возилото е физичко лице, фактурата треба да се достави до осигурителната компанија на причинителот на штетата. Осигурителната компанија е должна да Ви достави гарантно писмо, за да Вие подоцна го оставите гарантното писмо кај нас и си го превземете возилото.

Доколку сопственик на возилото е правен субјект, во тој случај сопственикот на возилото ја плаќа фактурата кон МИ-ДА МОТОРС, а копија од фактурата доставува до осигурителната компанија за да ги префрли средствата на жиро сметка на сопственикот на возилото.

Како клиент имате право да побарате возилото да се поправи во овластен сервис, со тоа го задржувате правото на Фордова гаранција.

МИ-ДА МОТОРС се обврзува да набави оригинални делови во рок од 14 дена. Сите делови кои ќе бидат вградени во сервисот на МИ-ДА МОТОРС се под гаранција од 1 година од денот на подигање на возилото.
Секторот за репаратура на возила МИ-ДА МОТОРС нуди и и извршува професионалено полирање и хемиско чистење на вашите возила, како и монтирање на клима фолии со гаранција до 5 години.

 

 


Помош на Пат

Форма за Тест Возење

Ми Да Рент а Кар

Ми Да Промоции

 

ВОЗИЛА   |   КАФЕТЕРИЈА И АВТО-ПЕРАЛНА   |   СЕРВИС   |   RENT A CAR   |   КОНТАКТ   |   ЗА НАС

(c) Copyright 2009 - MiDa Motors, All Right Reserved.