Ми Да Моторс Лого
Ми Да Моторс Возила
Кафетерија и Авто-Перална
Ми ДА Сервисен Центар
Ми Да Рент а Кар Услуга
Ми Да Моторс Контакт
Профил на Ми Да Моторс

За Нас

Ми-Да Моторс – овластен импортер, дистрибутер, продавач и сервисер на возилата од програмата Ford во Република Македонија, е основана во 1997 година.
Преку квалитет и целокупност на услугата, унапредување и иновирање, од година во година, успеа да достигне 8% учество на македонскиот пазар.

Ми-Да Моторс има 75 вработени поделени во неколку сектори:

    • малопродажба и големопродажба,
    • сервис и резервни делови,
    • каросериски поправки,
    • маркетинг и ПР,
    • финансии и
    • заеднички служби.

Нивната посветена работа доведе до Сертификат за Квалитет на Систем на Менаџмент MKS EN ISO 9001:2000 издаден од Лојд Регистар од Англија на 31 Октомври 2007 година.

Ми-Да Ауто – овластен продавач за Volvo автомобили и импортер за возила од програмата на Lada е основана во 1994 година. Започна со возила од програмата Lada а од неодамна (од почетокот на 2008) е овластен дилер за возилата од патничката програма на Volvo. Компанијата ги има сите потребни стандарди за квалитетно изведување на работата во делот на продажба и постпродажба.
Во Ми-Да Ауто има вкупно 20 вработени.

Ми-Да рент-а-кар-турс е рент-а-кар компанија која работи исклучиво со возила од програмата на Ford и Volvo и во својот возен парк има вкупно 26 возила. Покрај основната дејност – изнајмување на возила, компанијата се бави и со продажба на авио билети, организирање на туристички патувања, организирање конгреси, семинари и сл.
Во компанијата има вкупно 10 вработени.

Ми-Да Авто Перална е центар за дневна нега на автомобили, козметика, асесоари, кафетерија и сл.
Ова е најстарата компанија во Групацијата Ми-Да која постои од самото основање на фирмата во 1988 година, а воедно е и првата приватна компанија за миење на автомобили во Република Македонија. Покрај дневното одржување на автомобилите, во рамки на фирмата се наоѓаат и придружни услуги поврзани со одржување на автомобилите.

 


Помош на Пат

Форма за Тест Возење

Ми Да Рент а Кар

Ми Да Промоции

 

ВОЗИЛА   |   КАФЕТЕРИЈА И АВТО-ПЕРАЛНА   |   СЕРВИС   |   RENT A CAR   |   КОНТАКТ   |   ЗА НАС

(c) Copyright 2009 - MiDa Motors, All Right Reserved.